Opel Vivaro сега и со погон на водород

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Opel најавија целосно нова електрична верзија на многуфункционалниот модел Vivaro, на кој е интегриран водороден погонски систем.

Според најавата на компанијата, новиот Opel Vivaro-e HYDROGEN, кој ќе се произведува во Риселсхајм ветува бескомпромисни параметри, вклучувајќи капацитет на товар до 6,1 кубни метри, слободна километража од над 400 километри и можност за полнење за три минути.

Како база за развој на Vivaro-e HYDROGEN од Opel користеле база на целосно електричното Vivaro-e бидејќи неговите три јаглеродни резервоари беа поставени на местото на модулите на батеријата, а системот за гориво е интегриран во „моторниот“ оддел напред.

Opel Vivaro-e HYDROGEN ќе се нуди во две основни верзии на купето – M со должина од 4,95 метри и L со 5,3 метри, со капацитет на товар до 1,1 тон, а првите испораки до клиентите се очекува да биде извршени кон крајот на есента годинава.

Електромоторот на Opel Vivaro-e HYDROGEN е опремен со компактна батерија од 10,5 kWh, која може да се полни и од надворешен извор на енергија и како резултат на генерирање на сопирање и инерцијална енергија за време на возењето. модулот за батерија овозможува возење во целосно електричен режим околу 50 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK