Opel го продава своето седиште во Риселсхајм

ОБЈАВЕНО НА:

Opel останува без своето седиште во Германија поточно главните канцеларии лоцирани во Риселсхајм.

Како што пренесува германскиот месник Wirtschaftswoche, повикувајќи се на инсајдерски извори, во тек е веќе активноста за пронаоѓање на купувач за зградата, паркингот и останатиот простор околу реката Мајна.

Одлуката за продажбата на ова седиште произлегува од планот за штедење кој PSA Групацијата го усвои пред некој месец. “Целта е да се постигне одржлив и конкурентски ред на сите наши локации” објави весникот дел од инсајдерските изјави.

Оваа вест предизивка негативни реакции кај дел од жителите на овој град како и кај фанатиците на Opel кој наскоро може да останат без главното седиште на овој бренд.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK