Opel Experimental е следниот концепт на Германците

ОБЈАВЕНО НА:

Opel го обзнани името на својот најнов концепт автомобил – Opel Experimental. Германскиот бренд, ќе објави дополнителни информации и детали за овој концепт автомобил, во наредните недели, пред истиот да го претстави пред меѓународна публика на IAA Mobility самот за автомобили во Минхен, кој ќе се одежи од 5 до 10 септември 2023.

Извршниот директор на брендот Opel, Florian Huettl, изјави: „Името Opel Experimental јасно кажува и ја посочува нашата визија за брендот. Името покажува во која насока ќе се развива нашиот бренд во наредните години и какво влијание тој развој ќе има врз следните генерации на сите наши модели.“.

Opel Experimental, исто така, го претставува следниот чекор во еволуцијата на нашата смела и елегантна дизајнерска филозофија, за прв пат видена во GT X Experimental.

Преку самото имплементирање на основните постулати на Opel брендот: Detox (детокс), Modern German (модерен германски дух) и Greenovation, новиот концепт автомобил го отелотворува натамошното заострување на брендот Opel во структурата на Stellantis брендовите.

Покрај тоа, најновата креација од дизајнерскиот центар во Руселсхајм, ќе биде првиот Opel што гордо ќе го носи неодамна претставениот нов Opel „Blitz“. Поостриот и самоуверен нов „Blitz“, е позициониран видливо во центарот на компасот, што е клучниот графички дизајн на Opel и основата на елементите на предниот, задниот и внатрешен дизајн.

Opel Experimental ја продолжува долгата и успешна традиција на концептни автомобили создадени во Rüsselsheim, традиција која започна во 1965 година кога Opel стана првиот европски бренд кој претстави студија од дизајнерски аспект, во форма на легендарниот Experimental GT.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK