Opel Crossland за пет години стигна до 500.000 возила

ОБЈАВЕНО НА:

СУВ возилата се популарни, а тоа го потврди и Opel кој објави дека производството на моделот Crossland претставен во 2017 година ја надмина границата од 500.000 единици. Бројки што се постигнати за пет години постоење.

Со должина од 4,22 метри, Opel Crossland нуди еден од најфлексибилните ентериери во својот сегмент, а една од главните причини за тоа е поделениот заден ред на седишта, кој нуди и можност за прилагодување во надолжната насока на автомобилот до 150 мм. Најновата функционалност овозможува да се зголеми класичниот товарен простор од 410 на 520 литри, како и да се постигне вкупно 1255 литри, по преклопување на задните седишта.

Опремата на Opel Crossland вклучува голем број високотехнолошки системи за зголемување на удобноста, безбедноста и помошта при управувањето, вклучително и интелигентна контрола на патувањето со ограничувач на брзината, систем за одржување лента, препознавање на патните знаци, LED фарови, екран за проекција (Head-up), систем за видео надзор околу целото возило и други.

Паралелно со објавувањето на бројката од 500.000 произведени примероци на Crossland, Opel потврди дека наследникот на моделот, како и секој друг од новите модели на марката, ќе биде достапен во целосно електрична верзија.

Од 2028 година Opel ќе нуди исклучиво електрични автомобили во Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK