Опасност од пожар: Повикани во сервис 835.000 возила на Kia и на Hyundai

ОБЈАВЕНО НА:

Покана за одење во сервис ќе добијат модели продадени во цел свет. Hyundai ќе ги повика моделите Sante Fe, a Kia ќе ги повика Sorento и Carnival. Причината е електро-хидруличниот АБС/ЕСЦ.

Корејската Hyundai Group повика на сервис околу 835.000 СУВ возила и комби возила низ целиот свет. Поточно, станува збор за моделите Hyundai Santa Fe (период на производство 16 март 2005 до 22 септември 2009), Kia Carnival (10 јуни 2005 до 14 декември 2009 година) и Kia Sorento (14 декември 2005 до 17 декември 2008 година).

Според пишувањето на https://www.kfz-rueckrufe.de/ во Германија такви воизила има 15.679 од моделите на Kia и 11.904 од моделите на Hyundai кои мораат да одат во овластен сервис заради можен краток спој на единицата за електро-хидраулична ABS / ESC. „Постои опасност од пожар во моторниот простор“, изјавил вработен во канцеларијата на германскиот Hyundai.

Портпаролката на германската подружница на Kia додаде дека релето во централниот електричен систем на возилото ќе биде поставено на погодените возила за да се спречи модулот за ABS да се снабдува со напон дури и откако ќе се исклучи палењето. Проблемот не е нов и веќе предизвика кампањи за отповикување во Hyundai во април оваа година и во март 2018 година.

Според информациите, чистото време за поправка е околу 20 минути, како што било и порано. „Клиентите треба да планираат до еден час за целосен процес во сервисите, земајќи ги предвид тековните мерки за социјална дистанца и хигиена“, изјавила портпаролката на Kia.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK