По низата на месеци со слаби продажни резултати, продажбата на нови автомобили во септември во Германија забележа огромен пораст од 30%.
Официјалните податоци соопштени од страна на KBA покажуваат дека во септември годинава се продадени 244.622 нови автомобили што споредбено со истиот месец минатата година претставува пораст од речиси 30%.
Најголеми победници минатиот месец излезе Volkswagen Групацијата со зголемување на продажбата од 22%. При тоа Porsche ја зголеми продажбата за 431% додека пак Audi за 148% во споредба со септември минатата година.
Добро поминаа и Honda со пораст од 118%, Renault со зголемување од 51% како и Hyundai со зголемување од 36%.
Од друга страна пад на продажбата остварија Peugeot, BMW, Jaguar и Opel.