Официјално: PSA го купи Opel за 2,2 милијарди евра

ОБЈАВЕНО НА:

Најавената купопродажба меѓу PSA групацијата General Motors во однос на Opel и официјално е договорена за 2,2 милијарди евра. Така се создава вториот најголем европски производител со цел за подобро претставување во регионот.

Со заедничко соопштение PSA и GM го потврдија трансферот со кој се очекува годишна заштеда од 1,7 милијарди евра до 2026 година, а Opel би требало да има и 2 отсто профит до 2020 година и 6 отсто до 2026 година.

Договорот го вклучува германски Opel, неговата сестринска фирма во В.Британија, Vauxhall, како и финансиските операции на компанијата. Француската BNP Paribas SA банка ќе откупи 50 отсто од финансискиот бизнис вреде околу 450 милиони евра.

Opel беше дел од GМ речиси 90 години, но и во 2016 година не успеа да ги исполни плановите, и од 2009 година досега вкупната загуба е околу 9 милијарди долари.
PSA се надева дека со вклучување на Opel и нивните 1,2 милиони испораки годишно ќе успеат да влијаат на намалување на трошоците за развој на нови возила. Се очекува да има и намалување на работните места бидејќи и двете компании нудат слични возила на пазарот од фабрики во Германија, Франција и В.Британија каде имаат големи трошоци.

Сега заедно со Opel, новиот автомобилски играч ќе контролира 16 отсто од европскиот пазар, а пред нив е единствено VW со 24 отсто пазарен удел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK