Официјално претставена “R” изведбата на T-Roc

ОБЈАВЕНО НА:

Пред официјалната саемска премиера закажана за во Женева, Volkswagen ја претстави спортската “R” изведба од моделот T-Roc.

Со помали измени на предниот браник, задните издувни отвори, но без некои порадикални, спортската изведба од овој мал SUV доаѓа со релативно моќен мотор.

Така под хаубата ќе располага со 2.0 TSI мотор со 300 КС и 400 Nm со погон на сите четири тркала. Со овој мотор доаѓа и седумстепен автоматски DSG менувач. До 100 км/ч забрзува за 4.9 секунди што е значително помалку од најавените 6 секунди, а максимално, ограничената брзина изнесува 250 км/ч.

https://youtu.be/aamPGSppIZY

Во поглед на опремата тука се новите 17 инчни фелни, новиот систем за кочење кој е позајмен од Golf R, електронскиот систем за контрола на стабилноста и друга дополнителна опрема. Купувачите ќе имаат можност меѓудругото да ја изберат оваа изведба во комбинација со црн кров исто како и црните фелни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK