Одличен почеток на продажбата на Citroen C4 и електричниот C4

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Citroen C4 беше избран за „Автомобил на годината во Македонија за 2021 година“

Од почетокот на продажбата во Европа на почетокот на годинава, новиот C4 и e-C4 имаат добра продажба и во првата половина од годината стигнаа до 30.855 возила. Електричната верзија на C4 е меѓу трите најпродавани модели во сегментот во Европа во првите шест месеци од годинава. Моделот C4 го држи првото место за најмногу продажби на приватни купувачи во првата половина во Ц сегментот на хечбек возила.

Во однос на пазарните перформанси на 100% електричната верзија на новата генерација на Citroen C4, од брендот велат дека генерира 15% од вкупната продажба на моделот во Европа. Во Холандија, пазарниот удел на електричниот автомобил е 38% од вкупната продажба на моделот, во Германија е 27%, во Обединетото Кралство е 20,5% и во Франција е 10,2% со тенденција за стабилно подобрување на позицијата.

Citroen исто така додава дека e-C4 е трет најпопуларен целосно електричен хечбек во понудата, со удел на пазарот од 8%, и веднаш зад Volkswagen ID.3 и Nissan LEAF.

Новата генерација на Citroen C4 е достапна во три главни верзии според својот погонски систем – дизелска гама со верзии на моќност од 110 до 130 коњски сили, бензин со опсег од 100 до 155 коњски сили и целосно електричен со 136 коњски сили и автономија до 350 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK