Минатата 2019 година е повеќе од одлична за Rolls-Royce. Како што велат оттаму, минатата деловна година компанијата на глобално ниво испорача 5.152 возила.
Тоа претставува пораст за околу 25% во споредба со 2018 година кога компанијата на глобално ниво испорача 4.107 возила.
“Светската побарувачка минатата година за нашиот SUV, Cullinan беше носител на овој успех” изјави првиот човек на компанијата Торстен Милер во официјалното соопштениет на производителот.
Третина од продадените возила, Rolls-Royce ги испорача кон САД што го прави најголем национален потрошувач. Потоа следат Кина и Европа.