Од ноќеска повторно поевтинуваат горивата

ОБЈАВЕНО НА:

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на дизел горивата се намалуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,13 отсто, кај дизелот за 2,692 и кај екстра лесното масло за 2,466 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,535 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,169 отсто.

Новите малопродажни цени ќе изнесуваат:
*Моторен бензин Еуросупер БС – 95 82,00 (денари/литар)
*Моторен бензин Еуросупер БС – 98 84,00 (денари/литар)
*Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)
*Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,00 (денари/литар)
*Мазут М-1 НС 41,411 (денари/килограм)

Следете не и на:

24AUTO NETWORK