Од ноќеска ќе возиме со поевтин бензин и дизел

ОБЈАВЕНО НА:

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови поевтини цени одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според новите малопродажни цени од ноќеска Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за два денара за литар, а Дизелот се намалува за 1,5 денари.

Со новата одлука литар Еуросупер БС-95 ќе се продава за 84,5 денари, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 86,5 денари за литар.

Малопродажната цена на еуродизел од полноќ ќе се продава за 86,5 денари за литар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK