Од фудбалот се сели во рели шампионатот – Виљаш Боаш ќе вози во WRC3

ОБЈАВЕНО НА:

Од светот на фудбалот се сели во светот на авто-мото спортот. Андре Виљаш Боаш и официјално ќе биде дел од WRC3 шампионатот, пренесе BBC, а потврди и самиот тој.

Овој 43 годишен португалски стратег својата популарност ја доби како тренер на Челзи и Тотенхем, а беше и на клупата на Академика, Порто, Зенит, Шангај СИПГ и Олимпик Марсеј. Токму на 2 февруари годинава, Боаш на прес-конференција си поднесе оставка од тренерското столче на францускиот прволигаш.

Празнината сега ќе ја покрие со настап на рели шампионатот во Португалија кој се вози од 20 до 23 мај. При тоа ќе вози Citroen C3 Rally2.

Ова не е прв пат Виљаш Боаш да биде дел од рели натпреварување. Во 2018 година беше дел од Дакар релито возејќи Toyota Hilux, a негов совозач беше Рубен Фариа. Тогаш тој се откажа за време на четвртата стаза во Перу откако имаше незгода со своето возила. Претходно огиднава, заврши на позицијата 10 на локално рели во неговата родна земја.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK