Од Ford доаѓа рачен менувач без педала за куплунгот?

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител поднесе патент кој покажува развој на рачен менувач, но без левата педала за куплунг

Рачниот менувач во автомобилите се чини дека е предодреден да исчезне во блиска иднина. За да се намалат ограничувањата (особено во градот) и заради економичноста на потрошувачката на горивото, производителите се повеќе се свртуваат кон автоматскиот менувач, кој веќе е единствената опција за многу модели. Сепак, се уште не е дојдено времето Ford да се збогува со оваа технологија.

Американскиот магазин Musclecarsandtrucks.com откри патент поднесен од компанијата во САД. Од читањето на описите и испитувањето на цртежите поднесени до Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД, јасно е дека Ford работи на рачен менувач без педалот за спојката.

Во принцип, автомобилите опремени со овој систем би ја задржале рачката на менувачот и можноста за рачно менување брзини. Сепак, нема да има педала за куплунгот, тој електронски се активира со алгоритам. Затоа, идејата би била да се зачува класичното менување на брзини, а истовремено да се елиминира грижата за силно притискање на педалата за да се вклучат брзините.

Преносот и менувачот во суштина би ги задржале истите компоненти како и конвенционалниот мануелен менувач. Дополнително, Ford би обезбедил педала што овозможува побрзо менување на брзините на одредени модели. Од друга страна, во „поопуштени“ контексти, возачот би можел да се потпре на електрониката.

Систем како овој може да се користи за секаков тип на погонски склоп, толку многу што Musclecarsandtrucks.com шпекулира можен почеток на спортските верзии Bronco или ST на Fiesta и Focus. И не е исклучено овој рачен менувач да го има своето прво појавување на новиот Mustang, кој треба да се појави во 2023 година и веќе виден во шпионските фотографии и видеа во последните недели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK