Octavia најпродаван модел на Skoda – Kamiq со најголем раст

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda забележа одличен прв квартал во поглед на продажбата, покажуваат официјалните извештаи објавени од чешкиот производител. Во првите три месеци на глобално ниво испорача 249.600 примероци што е за 7,2% повеќе во однос на истиот квартал минатата година.

Најголем процентуален пораст има во Источна Европа од 17,1%, а значителен пораст има и во Западн Европа, Централна Европа и Русија. Во Кина чешкиот прозивдоител испорача 26.300 автомобили од овој бренд што е пад од 9,3%.

Најпродаван модел останува Octavia со продадени 63.600 примероци. Следат Karoq и Kamiq со продажба од 36.600 односно 33.330 примероци. Токму моделот Kamiq има и најголем процентуален пораст од 36,1%. Од друга страна најголем процентуален пад и тоа од 40,2% има моделот Citigo e iV.

Одличните продажни бројки резултираа и со позитивно влијание на финансискиот резултат. Приходот од продажба е зголемен за 4,1% и сега изнесува нешто над 5 милијарди евра додека оперативната добивка е зголемена за 46,1%.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK