Објавени кандидатите за „Автомобил на годината во Европа“ за 2022

ОБЈАВЕНО НА:

Жирито за избор на „Автомобил на годината во Европа“ ја објави листата од 39 возила од кои ќе се изберат финалистите, а потоа и победнико на изборот. На листата има 39 возила. Тие ги исполниле барањата, од кои најважни се д абидат нови автомобили и да се продаваат на најмалку пет пазари во Европа до крајот на годинава.

Жирито е составено од 60 членови, а на 29 ноември ќе биде објавена листата на финалистите. Победникот ќе биде прогласен во февруари 2022 година.

На списокот има четири модели на BMW: Серија 2 Cope, Серија 2 Active Tourer и електричните i4 и iX. Audi е претставен само со e-tron GT и Q4 e-tron, додека Mercedes-Benz е претставен со C-Class, Citan и EQS. Меѓу автомобилите на Volkswagen во списокот на Caddy, ID.4 и T7 Multivan. Opel ja има Opel Mokka.

Списокот на номинирани ги вклучува и Cupra Born, Dacia Spring, DS 4 и 9, Maserati MC20, McLaren Artura, Peugeot 308, Renault Arkana и Megane E-Tesh, Skoda Enyaq iV и Fabia, MG EHS и Marvel R.
Од американските брендови тука се Ford Mustang Mash-E и Tesla Model Y, но има уште многу јапонски автомобили: Honda HR-V, Lexus NX, Nissan Qashqai, Subaru Outback, Toyota Highlander и Yariss Cross. Модели на корејски марки се Kia EV6, Hyundai Bayon и Ioniq 5.

Шанса да ја освојат титулата „Најдобар автомобил во Европа 2022“ имаат и модели од Кина. Меѓу нив се Lynk & Co 01 и Airways U5.

Лани победник беше Toyota Yaris со освоени 266 поени, пред Fiat 500 (240 поени) и Cupra Formentor (239 поени).


Листа на возила кои се влезени во изборот за Автомобил на годината во Европа за 2022

  • 1. Aiways U5
  • 2. Audi Q4 E-tron/Q4 E-tron Sportback
  • 3. Audi E-tron GT/RS E-tron GT
  • 4. BMW 2 Series Coupé
  • 5. BMW 2 Series Active Tourer
  • 6. BMW i4
  • 7. BMW iX
  • 8. Cupra Born
  • 9. Dacia Spring
  • 10. DS 4
  • 11. DS 9
  • 12. Ford Mustang Mach-E
  • 13. Honda HR-V
  • 14. Hyundai Bayon
  • 15. Hyundai Ioniq 5
  • 16. Kia EV6
  • 17. Lexus NX
  • 18. Lynk&Co 01
  • 19. Maserati MC20
  • 20. McLaren Artura
  • 21. Mercedes-Benz C Class
  • 22. Mercedes-Benz EQS
  • 23. Mercedes-Benz T Class / Renault Kangoo
  • 24. MG EHS
  • 25. MG Marvel R
  • 26. Nissan Qashqai
  • 27. Opel Mokka
  • 28. Peugeot 308
  • 29. Renault Arkana
  • 30. Renault Mégane E-Tech
  • 31. Škoda Fabia
  • 32. Škoda Enyaq iV
  • 33. Subaru Outback
  • 34. Tesla Model Y
  • 35. Toyota Yaris Cross
  • 36. Toyota Highlander
  • 37. Volkswagen ID.4
  • 38. Volkswagen Caddy
  • 39. Volkswagen T7 Multivan

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK