Објавени финалистите за Green Car Of The Year

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот магазин Green Car Journal и оваа година ги номинираше финалисите за најзелен автомобил на годината (2019 Green Car Awards). Традиционално, победниците ќе се одбираат во три категории и тоа: зелен автомобил, луксузен зелен автомобил и зелен SUV.

Во категоријата “Зелен автомобил” во финалето се најдоа Honda Insight, Lexus ES 300h, Nissan Altima, Toyota Avalon Hybrid и Volkswagen Jetta. Во следната категорија односно категорија на луксузни зелени автомобили, финалисти се Audi e-tron, Jaguar I-PACE, Porsche Cayenne E-Hybrid, Range Rover P400e и Tesla Model 3.

Во последната категорија која се однесува за најзелен SUV автомобил, за тронот ќе се борат Cadillac XT4, Hyundai Kona, Lexus UX, Mitsubishi Outlander PHEV и Volvo XC40.

Ефикасноста, ниската емисија на штетни гасови, цената, еко вградливите компоненти се само дел од појдовните критериуми при изборот на победникот. Победниците во секоја од категориите ќе бидат објавени во рамките на саемот за автомобили во Лос Анџелес кој започнува на 30 ноември и ќе трае се до 9 декември.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK