Објавена уште една тизер фотографија за Polestar

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на светската премиера закажана за 27 февруари годинава, шведскиот бренд Polestar објави нова тизер фотографија од моделот 2. Оваа фотографија доаѓа откако пред помалку од еден месец беше објавена првата тизер фотографија.

И од оваа втора фотографија не може да се открие многу околу изгледот, но она што е познато е дека за разлика од Polestar 1, овој модел доаѓа со четири врати во т.н. fastback изведба.

Овој целосно електричен автомобил располага со 395 КС, а со едно полнење ќе може да оствари дострел од околу 480 км. Главен глобален конкурент на овој модел е моделот 3 на Tesla. Она што е интересно е тоа дека овој производител моделот 2 во одредени земји ќе го нуди со 2 и 3 годишна претплата.

На пазарот ќе се пјави уште годинава, а клучен пазар ќе биде кинескиот каде во моментов се спроведува и производството на моделот 1 на Polestar.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK