Објавен тизер од последната Honda Civic Type R што ќе има бензински мотор

ОБЈАВЕНО НА:

Honda објави официјален тизер за новиот Civic Type R, кој ќе биде претставен следната година како лидер во гамата на компактните хечбекови. Се шпекулира дека Type R е последниот чист модел на Honda со мотор со внатрешно согорување кој ќе се продава во Европа, бидејќи јапонскиот производител се обврза на електрификација.

Тизерот вклучува две слики од камуфлиран прототип, прикажувајќи ги редизајнираните аеро компоненти во споредба со помалите варијанти на Civic. Иако е агресивен, Type R изгледа почист во споредба со неговиот претходник, со посуптилен пристап кон спортскиот изглед.

Напред, можеме да видиме поголема решетка и голем централен влез за воздух. Предните и задните браници изгледаат пошироки од обичниот хечбек Civic, додека тркалата со голем дијаметар со гума од Michelin со низок профил ги кријат сопирачките на Brembo обоени со црвено.

Позади, фиксираното задно крило е поставено на отворот и изгледа помалку екстремно во споредба со претходната генерација. Последно, но не и најмалку важно, постои истакнат дифузер кој ги вклучува централно поставените тројни издувни цевки.

Honda не откри никакви информации за спецификациите на новиот Civic Type R, но според најновите извештаи ќе биде опремена со надградена верзија на турбо 2-литарски мотор што произведува повеќе од 306 КС. Ова ќе се комбинира со пофокусирана поставеност на суспензијата и појаки сопирачки.

Производителот на автомобили, исто така, откри дека новиот Type R ќе биде претставен во 2022 година, бидејќи има уште развојни работи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK