Објавен првиот трејлер за документарецот „Шумахер“ (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Платформата Нетфликс го објави првото промо видео за новиот документарен филм посветено на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер. Документарецот ќе прикаже и досега невидени архивски снимки од минатото на Шумахер, приказна за неговата кариера од деновите на картинг во Керпен до неговите рекордни седум светски шампионати во Формула 1.

„Тркач на автомобили, спортска икона, легенда“, се вели во првиот трејлер за документарниот филм „Нетфликс“.

За ШУМАХЕР од Нетфликс коментираат дека тоа е првиот филм од ваков вид, снимен со помош на семејството на Михаел и дека ќе понуди уникатен поглед на животот на седумкратниот шампион во Формула 1.

Премиерата на ШУМАХЕР е на 15 септември.

 

Документарецот за Михаел Шумахер ќе се прикажува на Нетфликс – премиера во септември

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK