Ново поскапување на горивата – бензинот за 1 денар, дизелот за половина денар

ОБЈАВЕНО НА:

Осма седмица по ред расте цената на горивата, а Регулаторната комисија за енергетика реши во следните седум дена цените на горивата да се зголемат, за еден (1) денар за бензинот, и половина (0,5) денар за дизелот. Ова го најави Марко Бислимовски, претседателот на РКЕ во гостување на ТВ 24.

Новите цени ќе важат од ноќеска на полноќ и ќе важат во следните седум дена. Според новата цена ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 82 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 82 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава по цена од 74 денари за 1 литар.

Најголем дел од цената отпаѓа на набавната цена на нафтата, а од 49 до 55 отсто, во зависност дали станува збор за бензин или дизел отпаѓа на давачки кон државата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK