Ново место за забава: Отворен Ferrari Land во Шпанија (Фотогалерија)

ОБЈАВЕНО НА:

По примерот на познатите забавни центри во светот, Ferrari реши да им понуди забава на посетителите на нивниот парк во Шпанија. На површина од 70.000 квадратни метри сместен во ПортАвентура ризортот во Салу, лоциран на брегот на медитеранот во близина на Коста Даирада.

Ова е втор ваков забавен парк каде главна тема е Ferrari. Првиот беше отворен во Абу Дабу во 2010 година и доживеа огромен спех, и во 2015 година беше прогласен за една од главните туристички атракции на Блиски Исток.

Паркот има 11 различни атракции, меѓу кои најатрактивни се тобоганот на кој се возите во корпи во облик на Ф1 болид и каде забрзувањето до 150 км/ч. е за само неколку секунди. Тобоганот е висок над 30 метри, има и други забавни содржини.

Ако несакате многу адреналин тогаш во паркот има доста други активности и содржини поврзани со Ferrari, каде може да се запознаете со историјата на Ф1 и ГТ. Има и доста симулатори за возење, искуство како изгледа да се влезе со болид во пит стоп, но и доста класични автомобили кои се дел од историјата на Ferrari.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK