Mercedes X-Class concept спремен за производство

ОБЈАВЕНО НА:

Дизајнот на моделот X-Class concept што минатиот месец беше потврден од страна на Mercedes е речиси подготвен за сериско производство.

Главниот за дизајн во Mercedes, Гордон Вагнер во изјава за Motoring, потврди дека повеќето од елементите од белиот „стилски експлорер“ концепт ќе го види светлото на денот, вклучувајќи ги им аголните светла, што ги имаше концептот.

„Крајниот дизајн, пропорциите тоа е веќе продукциски дефинирано. Ќе има поголеми тркала и некои ситни детали како светкави делови и некои украси како за возила за изложба, но во голема мера е она што на крајот ќе биде произведено.

За разлика од надворешниот изглед кој секако ќе претрпи одредени измени, во внатрешноста веројатно нема да има промени. Она што беше прикажано кај концептот ќе биде и во продукциската верзија.

X-Class првенствено ќе биде понудено во Европа, следната година, а потоа и во Австралија, Јужна Америка и Јужна Африка.

mb-x-xlass-6

mb-x-xlass-12

mb-x-xlass-13

Следете не и на:

24AUTO NETWORK