Mercedes-Benz стартува со продажби на GLA

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes-Benz почна со продажбите на новата генерација на моделот GLA, објавувајќи ја основната цена за територијата на Германија од 36.390 евра. Од компанијата велат дека првично Mercedes-Benz GLA ќе биде достапен на три бензин и четири дизел модификации, а сосема скоро во продажба ќе биде пуштена и plug-in хибридна верзија.

Основната верзија на Mercedes-Benz GLA е GLA 200, со четирицилиндричниот 1.3-литарски мотор со 163 коњски сили и седумстепен роботизиран менувач. Другите две бензин верзии се дволитарските GLA 250 и GLA 250 4MATIC со 224 коњски сили и осум степен роботизиран менувач.

Дизел модификациите на Mercedes-Benz GLA- GLA 200d, GLA 200d 4MATIC, GLA 220d и GLA 220d 4MATIC се дволитарски со моќност од 150 и 190 коњски сили, а менувачот е осумстепен и роботизиран. Најскапата верзија на новото GLA е GLA 250 4MATIC со цена од 43.500 евра.