Новите автомобили од 2022 година ќе мора да имаат „црна кутија“

ОБЈАВЕНО НА:

Европската унија од следната година ќе воведе промени што ќе влијаат на сите учесници во сообраќајот, но и на автомобилската индустрија. Од 2022 година, црната кутија ќе биде задолжителна во сите нови автомобили во ЕУ, а од 2024 година и сите возила регистрирани за прв пат ќе мора да ја имаат.

Црна кутија е уред кој треба да открие сè што се случило во секундите пред сообраќајната несреќа до најмалите детали. Таканаречената црна кутија бележи дури 41 податок кој помага при експертиза.

Со помош на овој уред лесно ќе се добијат информации за брзината на возилото 5 секунди пред судирот, однесувањето на возачот, дали сопирал, дали управувал со управувачот и до кој процент, колкав бил бројот на вртежи и сл.

Иако многумина не знаат, црната кутија во автомобилската индустрија не е ништо ново. Некои модели веќе го имаат. Обично се наоѓа помеѓу седиштата на возачот и совозачот во модулот за воздушни перничиња. Од следната година ќе биде задолжително кај сите новопроизведени автомобили, а во 2024 година ќе може да се најде во сите возила што се регистрираат за прв пат.

Искуството од САД вели дека употребата на овој уред има позитивно влијание врз безбедноста во сообраќајот, бидејќи возачите се многу подисциплинирани.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK