Новиот Mitsubishi Outlander PHEV ќе минува и до 87 километри на струја (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Mitsubishi Motors објави дека компанијата започнала програма за лансирање на новата генерација на хибридната верзија на Outlander-Outlander PHEV. Хибридот ќе биде достапен за купување прво во Јапонија – од 16 декември, по што ќе биде достапен за потрошувачите во Австралија и Нов Зеланд во првата половина на 2022 година, а во Северна Америка во втората половина на следната година.

„Со ниски емисии на CO2 и еколошки отпечаток во текот на неговиот животен циклус, целосно новиот Outlander PHEV може да се смета за најдоброто јаглеродно неутрално решение досега“, изјави Такао Като, претседател и извршен директор на Mitsubishi Motors.

Mitsubishi сè уште не ги откри точните бројки за моќноста и вртежниот момент на новата генерација на системот PHEV, ниту типот на бензинскиот мотор, но тоа би можело да биде истиот 2,4-литарски четирицилиндричен 126 КС што го има и кај Outlander PHEV во заминување.

Во секој случај, компанијата тврди дека има 40 проценти поголема моќност за предните и задните електрични мотори. Единицата за напојување за предниот мотор доаѓа со „функција за засилување“ што го зголемува напојувањето на напонот додека ја подобрува ефикасноста на генераторот. Задниот мотор е унифициран со контролната единица што овозможува повеќе простор во кабината и подобра изолација од бучава.

Возачот ќе може да избере еден од седумте мода за возење: Normal, Tarmac, Gravel, Snow, Mud, Eco или Power. Новиот Outlander PHEV е опремен со поголема батерија – 20 kWh, што според компанијата е доволно да помине до 87 километри во 100% електричен режим.

Што се однесува до дизајнот, јапонската компанија веќе ги покажа надворешноста и внатрешноста на Outlander PHEV што изгледа идентично со обичниот Outlander. Дури и 20-инчните тркала се исти со повисоките нивоа на опременост на неговиот брат со погон на мотор сп внатрешно согорување што беше претставен на почетокот на 2021 година.

Контролната табла ги задржува 12,3-инчниот дигитален табла со инструменти и 9-инчниот инфозабавен екран на допир кои добиваат дополнителна графика за plug-in хибридниот систем. SUV исто така ги задржува сите три реда седишта благодарение на паметното пакување на plug-in хибридниот систем.

https://youtu.be/qY5t3tW1-wI

Сепак, Mitsubishi не откри податоци за багажниот простор. Зборувајќи за багажникот, постои штекер за наизменична струја што може да обезбеди струја на електричните уреди.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK