Новиот Lexus RZ нуди избор на два различни волани

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе не е во мода да се нудат избор на бои, нивоа на опременост, мотори и моќност. Lexus оди чекор понапред па во нуди да одберете каков волан сакате. Нормален или нетипичен како пеперутка.

Таа иновација во RZ е поврзана со достапната опција за нарачка на One Motion Grip систем. Електричниот автомобил се контролира електронски, воланот е целосно нов и има нестандардна форма на „пеперутка“, а главните предности на Lexus се полесната контрола и подобрата видливост на контролите на таблата со инструменти.

Објавувавјќи ги официјални информации и фотографии од својот прв целосно нов 100% електричен автомобил (BEV) Lexus-RZ, компанијата истовремено објавуви и дека компанијата веќе прифаќа барања за негово купување.

LEXUS RZ на пазарот излегува со моќност од 313 КС, погонскиот систем на електромобилот е опремен со два мотори – напред со 204 КС и заден со 109 КС, а вкупниот расположлив вртежен момент е 435 Nm.

Елементот на батеријата интегриран на LEXUS RZ има капацитет од 71,4 kWh, а од брендот велат дека е во состојба да понуди можност за патување преку 400 километри без полнење. LEXUS RZ ќе нуди можност за возење со максимална брзина од 160 km/h, од кои до првите 100 км/ч. од место ќе се стигне за 5,6 секунди (5,4 секунди за верзијата на електричен автомобили во Кина).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK