Втората генерација на QX60 премиерно ќе биде претставена на 23 јуни годинава, соопштија од Infiniti. За таа цел јапонскиот производител објави тизер фотографија на која се гледа внатрешноста од автомобилот.
Засега не се познати многу детали. Потврден е 3,5 литарскиот V6 бензински мотор кј ќе продуцира 295 КС, а доаѓа со девет степен автоматски менувач. Се шпекулира дека ќе биде достапна и хибридна верзија.
Во однос на димензиите, должината изнесува точно 5 метри. Ширината 1,961 мм, висината 1,768 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2,900 мм.
Производството и продажбата започнува во септември годинава. Овој автомобил ќе се произведува во фабриката на Nissan во Смирна, а ќе се продава само во САД, Канада, Мексико, Кина, Русија, Украина и Блискиоt Исток.