Новиот BMW M2 доаѓа следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Новата, втора генерација на моделот BMW M2 во производство влегува кон крајот на следната година, а премиерата на овој модел се очекува во текот на оваа година.

На овој модел веќе активно се работи во Минхен и истиот се развива под кодната ознака G87.

Она што е познато е тоа дека овој модел ќе има зголемено меѓуоскино растојание за околу 50 мм, нешто помала ширина, но и 50:50 распоредена тежина. Шпекулациите кажуваат дека ќе располага со 3,0 литарски шест цилиндрн twin-turbo мотор со стандарден 6 степен мануелен и опционен 8 степен автоматски менувач. Погонот останува на задните тркала.

Овој модел во понудата на германскиот производител е введен уште во 2016 година и до крајот на минатата се произведуваше во фабриката на BMW во Лајпциг.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK