Нови цени: Бензинот се намалува – дизелот поскапува

ОБЈАВЕНО НА:

Од ноќеска ќе има нови цени на горивата на бензинските пумпи. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денара по литар, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС за 63, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 65 денари.

Метанот останува непроменет со 37,5 денари за килограм, исто како и автоплинот кој се продава по 39 денари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK