Нови модели на Lada – Tensa, Forta и Kayna

ОБЈАВЕНО НА:

Renault пред некоја година го откупи рускиот производител AvtoVAZ, а со самото тоа и брендот Lada. Веднаш потоа го претстави амбициозниот план кој има за цел Lada да ја направи новата Dacia, како во поглед на понудата така и во поглед на вкупната продажба.

Дека има за цел да го исполни овој план покажуваат и последните информации од Русија според кој AvtoVAZ регистрираше три трговски марки – Tensa, Forta и Kayna. Секако, овие називи ќе бидат искористени за новите модели кои Lada треба да ги претстави во наредните 2-3 години, а кој имаат за цел да ја осовременат понудата на рускиот производител.

Најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ регистрираше три трговски марки за нови модели на Lada – Tensa, Forta и Kayna.
Називите се смислени да се користат поврзани со марката Lada и одвоено. Увидот во базата на податоци на Роспатент вели дека се регистрирани во трговските категории „автомобили“ и „играчки“. Документот носи датум од 29 април 2020 година.

Засега не е познато дали АвтоВАЗ ги регистрирал овие имиња „за да се најдат“ или навистина планира скоро производство на модели под тие имиња. Службата за односи со јавноста на АвтоВАЗ не се огласи на оваа тема.

Засега нема никакви детални информации за тоа за каков вид на возила станува збор, но се шпекулира дека еден од овие називи ќе биде резервиран за новиот SUV модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK