Новата SKODA FABIA со најдобра аеродинамика во класата

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку дена пред почетокот на производството на целосно новата генерација на хитот Fabia, компанијата објави интересни детали за аеродринамиката на автомобилот и објави дека пријавените податоци му одредуваат водечка позиција на автомобилот во класата со коефициент на отпор на воздухот од само 0.28 cd.

Од Skoda споделуваат дека крајниот резултат, кој значително придонесува за економичноста на горивото и соодветно за отчитувањето на емисиите на штетни гасови на автомобилот е постигнат после повеќе од 3.000 компјутерски генерирани симулации чии резултати беа земени предвид и имплементирани за време на тестовите со вистинските прототипови на новата Fabia.

„Иако целосно новата Fabia е поголема во однос на претходниот – предната површина е за околу 3% поголема, ние го намаливме коефициентот на отпор за 10%. Како резултат на тоа СО2 емисиите се намалени за околу три грама по километар во WLTP циклусот“, вели Вит Хубачек, кој е одговорен за аеродинамичниот развој на автомобилот.

За постигнувањето на подобрената аеродинамика на новата Fabia, тимот на Skoda ги оптимизирал основните површини на автомобилот, но исто така интегрирал и технолошки решенија во форма на автоматски вентили за воздух, што е пионерска иницијатива во оваа класа.

Главната задача на вентилите позиционираните во долниот дел на предниот браник е таа што при недостаток од дополнително ладење на моторот тие ја затвораат и ја подобруваат целокупната аеродринамика на каросеријата, што при постојана брзина на движење од 120 км/ч ветува заштеда на гориво до 0,2 литри на 100 километри, како и до 5 грама СО2 на километар.

 

Во меѓувреме одговорете на нашата анкета

[totalpoll id=”67093″]

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK