Новата Opel Corsa со технолгија на PSA

ОБЈАВЕНО НА:

Следната генерација на Opel Corsa ќе биде направена со користење на технолгијата на PSA, потврдија од компанијата. Сегашниот модел ја користи технологијата на General Motors.

Претходно Opel тврдеше дека новата Corsa ќе биде промовирана во 2019 година, и тоа со користење на GM технологијата, a сега се реши да се користи технологијата на PSA, новиот сопственик на Opel.

Новата Corsa ќе биде четвртиот заеднички проект на Opel со Corsa, по Crossland X, Grandland X и Combo. Новата Corsa ќе се произведува во најголемата фабрика на Opel, во Зарагоза, Шпанија.

Лани, Corsa беше најпродаван модел на Opel со 263.416 примероци продадени во Европа, што е пад од 1,9 отсто, според информациите на JATO Dynamics. Во Европа тоа е четврти најпродаван модел по Renault Clio, Volkswagen Polo и Ford Fiesta.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK