Новата Nokian WR A4 – “Господар на зимата“

ОБЈАВЕНО НА:

Како што добри обувки значат лесно движење во зимските денови за човекот така и користењето на квалитетни и добро одбрани зимски гуми кај автомобилот придонесуваат за подобро држење на патот. Финскиот производител Nokian веќе е дел од семејството на „премиум“ компании што произведуваат пневматици. Неговите гуми се „господари на зимата“. За оваа зима новитет е пнемтаикот Nokian WR A4.
Инспирирана од природата, стоножната ламела вградена во средното ребро на овој пневматик е впрочем последна иновација на шампионите за развој на производи од компанијата Nokian Tyres во полето на зимска тракција. Испакнатите 3D жлебови кои потсетуваат на начинот на кој стоногалката ја совладува површината максимално ја зголемуваат тракцијата на снегот и стабилното управување.

Комбинацијата на Технологијата Functional Performance Siping и гумената смеса Performance Traction Silica резултираа со иновација која го има последниот збор во технологијата и заради која овој зимски пневматик господари со сите зимски услови карактеристични за Централно – источна Европа и наглите промени на температурата. Обезбедува апсолутно балансирано возење по снежна бура, лапавица, пороен дожд или по асфалт загреан од жешко сонце, што е мошне поволно за брзо возење.

Асортиманот на големините на овој премиум зимски пневматик за возила со високи перформанси ги покрива величините од 16 до 21 инчи со индекс за максимална брзина од H (210 km/h) до W (270 km/h). Прилагодливиот избор вклучува и величини за модерни електрични автомобили како што е Tesla Model S. Специјалните производи во овој асортиман ја користат Flat Run технологијата, а многу производи се обележени и со XL – знак за најголемиот капацитет на оптеретување на соодветната величина.

guma-2

guma-4

Новиот пневматик Nokian WR A4 го надополнува асортиманот на зимски пневматици на компанијата Nokia Tyres кој моментално е еден од најшироките и најмодерните на пазарот за пневматици. Овој бескомпромисен зимски пневматик ја претставува новата генерација која доаѓа после Nokian WR A3 – победникот на компаративните тестови спроведени од различни автомобилски списанија. Комплетниот асортиман на овој премиум производ од оваа есен ќе биде достапен на нашиот пазар.

Подобрените својства на зимска тракција на пневматикот Nokian WR A4 на снег и лапавица е резултат на четиригодишен развој. Шарите на слојот кој гази по подлогата, како и структурата и смесата на гумите ни ја претставуваат професионалноста на Финците на полето на најсовремени технологии и се резултат на безбројните часови поминати во моделирање, планирање, лабораториско споредување и автентично тестирање во различни услови. Повеќе од половината трошоци наменети за развој на производите во компанијата Nokian Tyres се потрошени на непрекинато тестирање на нивните производи низ светот.

%d0%b3%d1%83%d0%bc%d0%b0-5

Пневматикот Nokian WR A4 има асиметричен дизајн на шари на слојот кој гази по подлогата што овозможува прецизно и моментално управување на лоши патишта и по лапавица. Одличното управување и супериорност во совладување на сите зимски аспекти се заснова на неколку иновации, а особено на технологијата Functional Performance Siping која овозможува секое подрачје, заедно со површината која гази по подлогата и жлебовите со стилизиран дизајн на шари, да имаат своја сопствена и прецизно утврдена оптимална улога. Крутиот надворешен слој, стоножната ламела во средната зона и оптимизираните ламели по зони, кои се исто така функционални и во внатрешниот слој, заедно ја сочинуваат контролираната комбинација што овозможува пневматикот Nokian WR A4 да се движи безбедно и удобно

Со средната област доминира цврсто издолжено ребро кое е составено од блокови на површина која гази по подлогата со испакнати жлебови кои потсетуваат на траги од стоногалка. Наредената тродимензионална стоножна ламела обезбедува максимална површина на контакт и функционира со полн ефект под различни агли на свртување, зголемување на тракција на снег и лапавица и подобрена контрола.

%d0%b3%d1%83%d0%bc%d0%b0-7

Страничните блокови на овој шампион во тракција имаат јака и густа ламела која е прилагодена за секој блок површина која гази директно на подлогата и се спушта од средината кон страните.

Рабовите на издолжените канали на пневматикот Nokian WR A4, лојален извршител на тркалање во секакви зимски услови, имаат канџи за снег кои ја подобруваат надолжната тракција особено на снег. Тестовите покажуваат дека пневматикот Nokian WR A4 обезбедува првокласна тракција и управување на суви и влажни патишта. Најголемото унапредување се постигнува на снег, кога тракцијата и управувањето се подобруваат за повеќе од 5% во споредба со пневматикот Nokian WR A3.

Водата е исто така вообичаен елемент на патиштата низ Централна и Источна Европа. Нерамнините на патот особено го зголемуваат ризикот од аквапланинг. Новата Coanda технологија го намалува ризикот од аквапланинг. На рабовите на блоковите на површината која гази по подлогата, и тоа на надворешниот слој на пневматикот Nokian WR A4 е конструиран елемент кој овозможува ефикасно спроведување на текот на водата во попречни канали. Отстранувањето на водата и лапавицата се забрзува со полираните надолжни канали – и за прв пат со попречните полирани канали, кои исто така го забрзуваат цедењето на водата

guma-4

Покрај безбедноста, удобноста е уште еден важен елемент кој се чувствува во текот на возењето. Технологијата Silent Sidewell ја зголемува удобноста во возењето. Специјално прилагодената гумена смеса помеѓу страниците и газечката површина активно ја пригушува бучавата и вибрациите кои доаѓаат од возната површина, со што спречуваат понатамошно пренесување на штетни звучни бранови кои го иритираат човечкиот слух.
Исто така е развиена посебна гумена смеса која е наменета за површината на лежиштето околу пневматикот Nokian WR A4. Тоа исто така служи за намалување на бучавата во внатрешноста на возилото и за пригушување на вибрациите на пневматикот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK