Новата BMW серија 3 беше автомобилот кој последно се тестирање во лабораториите на Euro NCap. Очекувано, овој автомобил се здоби со максимални 5 од 5 ѕвездички за безбедност.
Најдобар скор оствари во безбедноста на возачот и тоа од 97% што воедно го прави и еден од најдобрите BMW автомобили во поглед на овој параметар. Идентични 87% освои во поглед на безбедноста на децата и пешаците.
Доста добар перформанс забележа и во поглед на безбедносната асистенција на возачот и тоа од 76%.
Само за споредба, новата серија 1 се здоби со 83% во однос на безбедноста на возачот, 87% за безбедноста на децата, 76% за безбедноста на пешаците и 72% за безбедносната асистенција.