Нова услуга на Ford – Ја следи колата ако е украдена

ОБЈАВЕНО НА:

Ford додаде нова функционалност во својата апликација FordPass наречена Stolen Vehichle Services што овозможува следење на украдени возила во реално време. На тој начин ќе им помогне на сопствениците побрзо да ги најдат возилата.

Кога ќе се активира новата функционалност, сопственикот на автомобилот добива известување на својот мобилен телефон и по контакт со специјален центар за контакт има можност да ги обезбеди потребните информации за полициските власти да можат да го следат возилото и да го вратат назад.

Првично, функцијата која е дел од дополнителниот безбедносен пакет „Ford Secure“, е достапна само за целосно електричниот Mustang Mach-E GT, но компанијата вели дека наскоро ќе биде достапна и за други модели во понудата.

Оваа година, клиентите на компанијата во Велика Британија, и од следната година, во другите земји во Европа, можат да сметаат на дополнителен мир при поседување автомобил на Ford.

Од Ford коментираат дека помеѓу 2009 и 2018 година, повеќе од 500.000 автомобили биле украдени во Европа секоја година, посочувајќи дека повеќето украдени возила никогаш не биле откриени, особено во Велика Британија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK