Швајцарската холдинг компанија Quantum Group испрати првична понуда до Volkswagen Group за купување на Lamborghini. Понудата вредна 7,5 милијарди евра беше експресно одбиена.
Сега оваа компанија која ги здружи силите со Centricus Asset Management работи на нова понуда која ќе ја испрати на адресата во Волфсбург. Германските медиуми шпекулираат дека новата понуда ќе се движи од 8 до 10 милијарди евра, а истата ќе биде доставена во текот на овој месец.
За потсетување, Lamborghini под капата на Volkswagen дојде во 1999 година кога Audi ја купи оваа компанија. Малку познато е дека во периодот од 1987 до 1994 година овој бренд беше во сопственост на Chrysler Corporation, а во меѓувреме по неколку години и под MegaTech и V’Power and Mycom Sedtco.