Нова криза за европската автомобилска индустрија – Снемува магнезиум?!

ОБЈАВЕНО НА:

Во моментов најголемиот проблем за автомобилската индустрија е недостатокот на чипови, па многу од производителите ги намалуваат производните квоти, некои дури и ги затвораат погоните на одредено време. Плацовите се полни со возила кои не се довршени, па некои понуди опфаќаат намалена цена, но и помалку опрема.

Сега можно е да има нова криза, што најмногу би ја погодило европската автомобилска индустрија. Доколку се појави недостиг од магнезиум тогаш најстрашното сценарио е дека целата автомобилска индустрија ќе застане. Но, сепак тоа најмногу се заканува на европската индустрија. Алуминиумот е идеален за делови кои мора да имаат мала тежина, но сепак цврста конструкција. Во суштина, без алуминиум ниту еден автомобил нема да излезе од производната лента.

Кинезите се најголеми производители на магнезиум и моментално произведуваат само мала количина за извоз. Според анализите тие имаат доволно магнезиум за најмногу два месеци. Магнезиумот главно се користи во автомобилската индустрија за производство на алуминиум.

Кина во моментов е најголемиот производител на магнезиум во светот. Повеќе од 85% од светското производство е во рацете на оваа економска велесила. Речиси половина од кинеското производство е наменето за европскиот пазар, кој го користи речиси целиот доставен магнезиум за производство на алуминиум. Кина во моментов се соочува со сериозен недостиг на енергија. Како резултат на тоа, 35 од 50-те фабрики во градот Јулин, одговорни за најголемиот дел од производството на магнезиум, мора да останат затворени. Останатите 15 фабрики добиле налог да го преполоват производството! Како резултат на тоа, Кина во моментов може да ги задоволи потребите само во нејзините граници.

Состојбата на американскиот пазар на автомобили е нешто подобра. Таму се произведува магнезиум, па недостигот помалку ги погодува. Недостатокот на магнезиум особено ќе влијае на европските производители на автомобили. Моментално се повикуваат европските влади брзо да донесат одлуки. Треба да се фокусираат на зголемување на производството на магнезиум во европските граници. Ова ја намалува зависноста од кинеските производители. Се укажува дека доколку наскоро не се преземат мерки, во рок од два месеци ќе има сериозен недостиг на алуминиум. Како резултат на тоа, различни индустрии, вклучувајќи ја и автомобилската индустрија, ќе мора сериозно да го намалат производството, а во најлош случај дури и да затворат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK