Нова инвестиција на Toyota – доаѓа нов голем кросовер

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota Motor Manufacturing Indiana (TMMI), една од компаниите која е во целосна сопственост на Toyota го објави новиот инвестиционен план кој се однесува на инвестиција од 803 милиони долари во своите американски операции.

Овие пари ќе бидат наменети за фабриката во Индијана, а ќе се однесуваат на опремување на фабриката со нови роботи и друга опрема како и обука на вработените.

Со тоа, ќе се направи подготовка за новиот SUV модел кој јапонскиот производител ќе го произведува во САД. Засега нема никакви информации околу моделот. Се знае само дека ќе дојде со три реда седишта што значи димензионално ќе биде на RAV4. Можно е на истата оваа платформа да биде создаден и димензионално најголемиот Lexus кој би се појавил кон крајот на следната година.

Оваа инвестиција, соопштуваат од јапонскиот произодител, ќе вработи дополнително 1.400 лица со што вкупниот број на работници ќе надмине 8.000.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK