Единствениот македонски возач Виктор Давидовски во најелитното европско натпреварување на туринг автомобили – TCR Europe ќе вози за нов тим,
Comtoyou Racing кој беше шампион во 2020 година. Белгискиот тим сега сака повторно да се вмеша во распределбата на титулите и со нова, свежа крв. За новата сезона тимот пријави три автомобили во TCR Europe, и покрај Виктор Давидовски, тука се и ветеранот Том Коронел и клупскиот колега на Давидовски, Аргентинецот Франко Џиролами.
Давидовски лани ја освои титулата во Dimond класата, а Џиролами беше вице-првак во TCR Europe и малку недостасуваше дири да биде и шампион. Белгискиот тим ги освои и титулите TCR Europe Drivers и Teams во 2020 година и минатата сезона ја заврши како второпласирана во категоријата тимови. Со новите возила Audi RS 3 LMS тимот се поставува на патеката уште еднаш да ги предизвика двата трофеи.
„Навистина сум благодарен на Comtoyou Racing што ми ја даде оваа извонредна можност да бидам дел од нивниот тим. Ќе дадам се од себе да ја оправдам нивната доверба во мене, бидејќи е голема чест. Имавме одлично искуство со JAS Motorsport и сме многу благодарни за нивната соработка и поддршка во минатите години. Се радувам на новата сезона“, изјави Виктор Давидовски.
Сега тимот има искуство и младост. Том Коронел ја заврши 2021 година на четвртото место во генералниот пласман и беше највисоко пласираниот возач на тимот откако победи на првата трка во Зандворт и забележа не помалку од десет места во првите десет.
Франко Џиролами и Виктор Давидовски се префрлаат на Audi откако претходно се натпреваруваа во автомобили Honda Civic Type-R
Жан-Мишел Баерт, Тимскиот директор на Comtoyou Racing, вели: „Ние остануваме многу лојални на TCR Europe бидејќи тоа е високо професионално, на високо ниво и во исто време пријатно првенство. Релативно малиот персонал на првенството прави чуда и спортското ниво се зголемува од година во година. Последниве неколку сезони постигнавме одлични резултати, со две титули во 2020 година и добро второ место минатата година. Се подразбира дека нашите амбиции повторно се насочени кон тој правец.
Сезоната на TCR Europe почнува последниот викенд од април со трка во Алгарве (Португалија), а треба да заврши во Барселона на 16 октомври во Барселона. Во меѓувреме планирани с етрки во Франција, Белгија, Германија и Италија.