Нов Nissan Z премиерно на 17 август

ОБЈАВЕНО НА:

На 16 септември минатата година Nissan официјално го претстави новиот модел Z Proto чија премиера беше одржана во пресрет на 50 годишниот јубилеј на овој модел. Сега јапонскиот производител подготвува нешто ново со префиксот “Z”.

Се претпоставува дека ќе биде 400Z верзијата кој единствено во Јапонија ќе биде комерцијалиизран како Fairlady Z.

Потврда од Nissan за ова секако нема, но шпекулациите одат дотаму што се објавени и неколку технички карактеристики кои секако се на ниво на шпекулации. Овој модел се очекува во целост да биде инспириран од изворниот 240Z. Должината се очекува да изнесува околу 4,300 мм, а под хаубата се очекува да се најде 3,0 литарски V6 мотор со 400 КС и 475 Nm.

Премиерата на овој нов модел ќе се случи на 17 август годинава на специјален настан во Њујорк кога ќе бидат обелоденети многу повеќе податоци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK