Nissan со тизер за подновиот Terra – премиера на 25 ноември

ОБЈАВЕНО НА:

Nissan објави тизер фотографија од подновениот модел Terra чија премиера ја закажа за 25 ноември годинава.

Од видеото не може да се открие што точно е ново во поглед на екстериерот. Се очекува промена на предниот и задниот браник како и блага промена на предните и задни светла кои сега доаѓаат со bi-LED технологија.

Во внатрешноста би требало да дојде со унапреден инфотејнмент систем, модифициран управувач и седишта.

Идентични остануваат и димензиите како и понудата на мотори. Така купувачите ќе имаат можност да одберат помеѓу 2,5 литарскиот бензински мотори и 2,3 литарскиот и 2,5 литарскиот дизелски мотор. Во комбинација доаѓаат со шест степен мануелен или седум степен автоматски менувач.

За потсетување, овој модел во производство за прв пат влезе во 2018 година и истиот во моментов се произведува во Кина и Тајланд. Дизајнер на првата генерација е Масанобу Ино.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK