Nissan планира да се одвои од Renault

ОБЈАВЕНО НА:

Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi е пред колапс откако се појавија плановите според кои Nissan ќе ја напушти Алијансата.

Јапонскиот производител е во отворен конфликт со раководството на Renault кое кулминираше по избивање на аферата поврзана со Карлос Гон Француските раководни лица даваа(т) безрезервна поддршка на Гон, а заеднички јазик не пронајдоа и по понудата на FCA за спојување со Renault.

Исто така веќе една година двата производители не може да најат компромис околу стратешките цели на Алијансата, а симбиозата веќе не ги дава очекуваните перформанси.

Оттука, повеќето француски медиуми повикувајќи се на интерни извори, пренесуваат дека “разводот” може да се случи уште оваа година иако од Nissan не ги потврдуваат, ниту отфрлаат овие шпекулации.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK