Nissan ќе го дели пазарот со Renault – следат големи заштеди во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Nissan кој е дел од Renault-Nissan-Mitusbishi Алијансата, го објави својот најнов план.

Истиот е насочен кон Европа и предвидува големи реструктуирања на операциите и организацијата на овој пазар.

Според планот, Nissan ќе ги намали своите активности во речиси 30 европски земји. Се предвидува и затворање на фабриката во Шпанија, во близина на Мадрид каде се произведуваат моделите NT400 и NT500. Исто така се потврдува и одлуката за затворање на фабриката во Барселона која ќе се затвори до крајот на оваа година.

Дополнително ќе го стесни и асортиманот во понудата, особено во верзиите на поедини модели.

Целта на ова е да се намалат трошоците, но и да се подели пазарот со Renault со цел да не конкурираат во истите пазарни сегменти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK