Саемот во Париз кој е планиран за наесен најверојатно ќе мине без на него да бидат изложени возилата на Nissan. Причината за тоа е што Јапонците немаат што да и покажат на публиката, со оглед на тоа што термините на излагањето на новите модели не се совпаѓаат со тој на саемот.
Информацијата уште не е потрврдена официјално, но се смета дека е сигурна. Во Женева порано годинава компанијата покажа доста важни модели, а сега тенденцијата продолжува и за време на изложбата во Њујорк каде што беше видена новата Altima.
Има најави дека Nissan нема да биде единствениот голем производител којшто ќе отсуствува од саемот во Париз. Можно е во главниот град на Франција да не бидат видени и Ford, Мазда и Volvo.
Овој саем се одржува еднаш на две години со оглед на тоа што се менува со тој во Франкфурт. Во 2016 година на саемот ги немаше компаниите како Aston Martin, Bentley, Ford, Lamborghini, Subaru и Volvo.