Nissan го прави невидливото видливо

ОБЈАВЕНО НА:

На претстојниот саем на CES (Consumer Technology Association) кој традиционално се одржува секоја година во Лас Вегас, јапонскиот производител Nissan ќе претстави иновација “која ќе го промени светот на автомобилите” потврдуваат од Nissan.

Иновацијата наречена Invisible-to-Visible (I2V) како што кажува и самото име го прави невидливото во целост видливо за возачите зад воланот.

Технологијата е комплексна исто колку што е и комплексна за објаснување. Оттука од Nissan објавуваат дека за функционирање на оваа иновација креирале сензори кои создаваат мапа во 360 степени во окружувањето на возилото. Со ова пред возачот ќе се формира мапа од окружувањето и со тоа ќе добие целосен увид на состојбата во блискиот сообраќај.

Покрај од сензорите овие податоци на возачот ќе му биде продуцирани и од екстерните информации прибрани на клаудот на јапонскиот производител. Возачите ќе добиваат и дополнителни информации на пример пронаоѓање на дестинација, локал или предупредување за кафе пауза.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK