Целосно електричниот компактен кросовер Nissan Ariya беше премиерно претставен на саемот во Тoкио во 2019 година. Во јули минатата година официјално влезе во производство во фабриката на овој производител во Точиги.
Кон крајот на минатата година и официјално беше потврдено дека овој модел Nissan ќе го донесе и на европскиот пазар. Во контекст на ова, претставено е и првото видео на Nissan за овој производител, снимано и наменето за европскиот пазар.
Видеото е снимено на улиците на Монако, а особено е потенцирано динамичното возење на овој автомобил, на патеката каде минатиот викенд се возеше Формула 1 наградата за Големата награда на Монте Карло.
Повеќе за овој модел може да прочитате ТУКА.