Ништо од камионетите – BMW ќе прави само автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Откако на интернет се појавија рендери од првите BMW пик-ап возила, демант пристигна од германскиот производител. Во изјава за медиумите, директорот на BMW за Австралија, Викрам Павах ги отфрли сите пишувања околу плановите за производство на камионети под брендот на BMW.

“На светот не му е потребен баварски пик-ап” изјави меѓу другото тој кој потенцираше и дека не се планира ниту брендирање на веќе постоечки, туѓ пик-ап под брендот на BMW.

Одличната побарувачка на камионети во САД, Канада и Австралија како и претставувањето на X класата на Mercedes-Benz беа најголемите причини за појава на шпекулациите околу планот за влез на BMW во овој сегмент.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK