Нема врски и подмитувања: Дубаи вработува роботи како полицајци

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во Дубаи е позната по користење на скапи, луксузни и „бесни“ возила, а до 2030 година планира да го искорени „фаќањето врски и подмитување“. Треба да вработи роботи како полицајци што би сочинувале до 25 отсто од полицајците во градот.

Сега ќе се користи само еден ваков робот, а вториот би требало да се очекува следната година. Сепак тие нема да ги заменат луѓето полицајци. Првично ќе патролира во трговските центри и ќе биде атракција за туристите.

Армијата на роботи ќе ја изработува шпанската компанија PAL Robotics. Наречен е REEM робот, висок околу 1,7 метар. Иако личи како робот што нема да решава криминал, изгледа како точка на која ќе може да се пријави криминал.

Прототипот има интерфејст со екран чувствителен на допир каде може да се пријави криминал, да се плати казан за сообраќаен прекршок и слично.
Но, постојат и планови овие роботи да се претворат во полноправни полицајци.

На почетокот роботот полицаец ќе може да комуницира на Арапски и Англиски, а во план е во иднина да зборува и Руски, Кинески, француски и Шпански.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK