Нема стискање „до даска“: Volvo ја ограничува максималната брзина

ОБЈАВЕНО НА:

Volvo воведува ограничување на максималната брзина кај своите автомобили. Ограничувањето кај сите автомобили ќе биде поставено на 180 км/ч. Ова ограничување произлегува од безбедносната стратегија која е дел од проектот “Визија 2020”, а која има за цел подигнување на безбедноста и сигурноста на повисоко ниво.

Од Volvo соопштуваат дека границата од 180 км/ч е одбрана како компромис, рамнотежа, помеѓу безбедноста и ставовите на нивните купувачи. За разлика од шведскиот прозиводител, BMW и Audi максималната граница ја имаат поставено на 250 км/ч, а од Volvo се убедени дека оваа граница ја нарушува безбедноста на возачот, патниците и останатите субјекти во сообраќајот.

Покрај ова, шведската компанија планира да воведе и геоограничување на брзината. Станува збор за систем кој автоматски ја ограничува брзината во близина на болници и училишта.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK